ПОВЕЌЕ

    Проширена е мрежата на cash-in банкомати на Комерцијална банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Широката мрежа на cash-in банкомати на Комерцијална банка ги прави вашите финансиски трансакции брзи и ефикасни. Сега, корисниците на дебитни и кредитни картички од Комерцијална банка имаат можност за уплата на готовина на својата сметка на 48 cash-in банкомати распоредени низ земјата.

    Со овие технолошко современи уреди Комерцијална банка ви овозможува да уплатите пари на вашата дебитна или кредитна картичка секогаш кога имате потреба од тоа без потреба од одење на шалтер. Cash-in банкоматите ви се достапни 24/7, а парите ви се на располагање секаде и во секое време.

    Банкоматот ги прифаќа сите банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари. Со секоја поединечна трансакција може да се внесат до 40 банкноти.

    Локациите на кеш-ин банкоматите се достапни на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=atm&filter=2&filter=2

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично