Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2021 година, изнесува 28 217 денари.Заводот за статистика ја објави висината на просечната плата во Македонија за март месец.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2021 година, во однос на март 2020 година, изнесува 106.8 што значи просечната плата пораснала за 6,8 проценти.
Но кој го добил покаќувањето? Ако не отишло во вашиот џеб еве каде завршило- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (17.9 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (12.3 %) и Информации и комуникации (12.1 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (14.9 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (5.3%) и Градежништво (4.0 %).