ПОВЕЌЕ

    Просечната нето-плата во ноември 2021 година изнесувала 29 130 денари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, изнесува 105.6.

    Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14.4 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11.5 %) и Информации и комуникации (11.3 %). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (3.9 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3.5 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2.9 %).
    Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесува 29 130 денари.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично