Ерата на банкарите кои доминираат во банкарството заврши, а „виновникот“ за ова е подемот на развивачите на софтвер, односно експертите за развој на софтвер.
Според Блумберг, ова е позицијата на аналитичарите предводени од Мајк Мајо, кои проценија дека технолошките подобрувања и автоматизацијата која ја донесуваат овие развивачи – ќе и овозможат на индустријата да отпушти 100.000 работни места во следните пет години.
Нешто слично се поврзува со роботите. Но, според некои експерти, ова не е нужно лоша работа, и постојат добри причини зошто треба да ги „славиме“ машините кои „убиваат работни места“.
Мајо проценува дека поради нивото на раст на програмерите ќе доведе до масовно намалување на бројот на банкарски персонал во американската историја. Банките трошат повеќе за технологија отколку која било друга индустрија, а само минатата година мораа да издвојат дури 200 милијарди долари за информатичка технологија.
Многу отпуштања ќе погодат пониско платени позиции, како што обично се случува кога станува збор и за другите сфери. Индустријата за финансиски услуги – која работи со некои од најголемите светски кол центри – најверојатно „агресивно“ ќе го намали бројот на вработени на тие места, велат аналитичарите.
Работната сила на филијалите може да падне за 20% во следните неколку години и може да претставува дури една третина од вкупното намалување на банките.
Програмерите имаат поголемо влијание врз одлуките за купување, во споредба со заемодавачите, а буџетот на нивните алатки постојано се зголемува, открија аналитичарите. Ова значи дека банките сакаат да додадат технолошки експерти и вработени во прва линија во нивната работна сила за да можат полесно да управуваат со апликации и веб-страници, бидејќи потрошувачите брзо се прилагодија на новите финансиски алатки за време на пандемијата.