Во периодот од 18.03.2021 до 27.03.2021 година во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје, пристигнале приливи од камати во вкупен износ од 9.352.058,00 денари и приливи од дивиденди во вкупен износ од 41.491,03 американски долари.
На сметката на Сава пензиски фонд пристигнале приливи од камати во износ од 1.154.661,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 8.106.793,00 денари.
Во истиот период пристигнале и приливи од дивиденда во износ од:
-32.073,70 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Utilities Select Sector SPDR Fund;
-5.367,51 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Communication Services Select Sector SPDR Fund и
-3.022,77 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Vanguard FTSE Pacific Index Fund ETF Shares.
На сметката на Сава пензија плус пристигнале приливи од камати во износ од 14.515,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 76.089,00 денари.
По основ на дивиденди на сметката на Сава пензија плус, пристигнале приливи од дивиденда во износ од:
-818,29 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Utilities Select Sector SPDR Fund;
-123,26 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Communication Services Select Sector SPDR Fund и
-85,50 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Vanguard FTSE Pacific Index Fund ETF Shares.
Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот фонд имате во редовните финансиски извештаи кои се објавуваат на веб страната на Друштвото.