Уште една привилегија плус за корисниците на Интернет банка на Комерцијална банка. Од удобноста на својот дом, од канцеларија или од кое било друго место можат он-лајн да ја блокираат или деблокираат својата картичка.
Блокирање на картичка преку оваа апликација ќе може да извршат сите клиенти кои имаат увид во своите сметки преку Интернет банка. Услугата деблокирање, односно повторно активирање на претходно блокирана картичка, е достапна за клиентите кои имаат привилегии за вршење трансакции преку Интернет банка.
Со оваа нова услуга Комерцијална банка им овозможува на своите клиенти да се чувствуваат не само привилегирано, туку и безбедно затоа што во секој момент, кога имаат потреба од тоа, можат да ја блокираат или деблокираат картичката.