Дали барате интересни филмови за инвестирање кои ќе ви го задржат вниманието и притоа ќе ве научат неколку работи за финансии, тргување со хартии од вредност и берзи? Земете пуканки и уживајте во филмот кој го прикажува Вол Стрит, финансиите, берзите, измамите и парите..
Вол Стрит (1987)
Филмот ја раскажува приказната за Бад Фокс (Чарли Шин), млад брокер на берза кој се впушта во врска со Гордон Геко (Мајкл Даглас), богат и бескрупулозен напаѓач на корпорации. Бад Фокс ќе стори сé за да се збогати дури и кога тоа би значело тргување со нелегални информации од внатрешноста, добиени од немилосрден и алчен корпоративен напаѓач.
Во самиот филм ќе го погледнете неверојатниот говор на Мајкл Даглас зoшто алчноста е добра..