ПОВЕЌЕ

    Правило 50/30/20: Финансиски совети од Стопанска банка а.д. Битола

    Време зa читање: 2 минути

    Октомври е месецот во кој секогаш потсетуваме колку значајна навика е штедењето. Овој октомври, Стопанска банка а.д. Битола ќе го одбележи со неколку финансиски совети за тоа кој е најдобриот начин за да заштедите дел од вашите пари.

    Правило 50/30/20

    Правилото 50/30/20 е едноставен метод на буџетирање кој ќе ви помогне ефикасно и одржливо да управувате со вашите пари, а притоа да направите и одлична заштеда.

    Поентата на овој метод е да одржувате редовна рамнотежа на вашите трошоци во трите главни категории (потреби, желби и заштеда).

    • 50% од вашите приходи наменети ги за основните потреби

    Под потреби се подразбираат трошоците кои се основни во месецот и неопходни за живеење – месечна рента, режиски сметки, осигурување, транспорт, исхрана.

    Доколку овие трошоци надминуваат 50% од вашиот месечен приход, согледајте каде може да најдете алтернативно решение со цел намалување на трошокот на некоја од овие ставки.

    • 30% од вашите приходи наменете за вашите желби

    Понекогаш е тешко да се разграничат потребите и желбите. Генерално, желбите се сите оние додатни активности кои не се суштински за живеење и работа. Тука се вклучени: ресторани (сите оброци кои ги јадете надвор од домот), облека, патување, теретана, забава (излегување, театар, кино..)

    Во текот на еден месец обидете се да пренамените само 30% од вашите приходи на овие активности.

    • 20% од вашите приходи – ЗАШТЕДА

    20% од вашите приходи наменети ги за постигнување на вашите цели за штедење или доколку е потребно за враќање на неподмирени долгови, рати за кредити, кредитна картичка.

    Без разлика која е вашата крајна цел, одвојувањето на 20% од вашите приходи секој месец ви помага да изградите сигурен и одржлив план за штедење.

    Не заборавајте, не треба да излезете од рамките на 50/30/20 правилото, односно, вашите приходи секогаш треба да бидат еднакви на сите категории на расходи кои ги имате во месецот, вклучително и заштедата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично