Кој плати над 5,5 милиони евра за акциите на Гранит?
Од Гранит АД Скопје преку соопштение на Македонска берза информираат дека акционерот Сава Пензиско Друштво АД Скопје кој поседуваше 230,563 обични акции од издавачот на хартии од вредност ГД Гранит АД Скопје (8,32% од акциите со право на глас), а во сопственост на Отворен задолжителен пензиски фонд САВА ПЕНЗИСКИ ФОНД, повеќе не поседува акции издадени од ГД Гранит АД Скопје.
Акциите се продадени на јавната берзанска аукција одржана на ден 12,10,2022 година.
Продажбата на акциите се одвивала по модел „се или ништо“.
Договорената цена по која се продадени акциите изнесува 1450 денари по акција.
Тоа значи дека на сметката на Сава Пензиско Друштво легнаа 342 374 000,00 денари или над 5,5 милиони евра.
Она што е познато за брокерите и инвеститорите е тоа дека акцијата на „Гранит“ е една од најбараните акции на нашиот пазар на капитал. Можеби една од причините е ниската цена на акцијата и редовноста низ годините наназад да исплаќа дивиденда на своите акционери. Акцијата на Гранит е составен дел од берзанскиот индекс МБИ -10