ПОВЕЌЕ

    Потрошувачките цени во Германија драстично паднати во август

    Време зa читање: < 1 минутa

    Потрошувачките цени во Германија во август се намалија на годишно ниво, првпат по повеќе од четири години, поради намалувањето на данокот, како една од мерките во рамките на владиниот стимулативен пакет за закрепнување на најголемата европска економија од последиците од пандемијата на коронавирусот.

    Федералното биро за статистика „Дестатис“ објави дека усогласената стапка на инфлација, за споредливост со податоците за растот на потрошувачките цени во другите земји-членки на ЕУ, опаѓа за 0,1 процент годишно во август по стагнацијата во јули, пренесува „Reuters“.

    „На падот на стапката на инфлација, меѓу другото, влијаеше и намалувањето на данокт (VAT), кое стапи на сила на 1 јули 2020 година“, се наведува во соопштението на „Дестатис“.

    Во споредба со претходниот месец, германската инфлација се намали за 0,2 проценти во август, според усогласените податоци.
    Целта на растот на инфлацијата на Европската централна банка е малку под два проценти за еврозоната, се вели во известувањето.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично