ПОВЕЌЕ

    Поради недостиг од чипови „Џенерал Моторс” затвора привремено осум од 15 фабрики

    Време зa читање: < 1 минутa

    „Џенерал Моторс” привремено ќе затвори осум од 15 северноамерикански фабрики за седмица, почнувајќи од понеделник, поради влошениот глобален недостаток на микрочипови.

    Пандемијата со коронавирусот и други катастрофи ги нарушија синџирите на снабдување со полупроводници, што се клучни за илјадници компјутерски контролирани системи во новите возила.

    Недостатигот принуди GM да ги премести чиповите што ги има во мал број фабрики што произведуваат најпопуларни и најпрофитабилни возила на компанијата, како што се џиповите (SUV) и пикапите, јави Си -Ен -Ен.

    Недостигот на чипови предизвика повисоки цени што ја поттикнуваат инфлацијата, јави Аксиос.

    Сепак, се чини дека на повидок е олеснување за производителите на автомобили и другите производители што бараат полупроводници, бидејќи производителите на чипови го зголемуваат производството за да ја задоволат побарувачката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично