ПОВЕЌЕ

    Поради коронавирусот во Словенија граѓаните и економијата ќе добијат 3 милијарди евра

    Време зa читање: 2 минути

    За да се ублажи финансискиот удар врз економијата и граѓаните, Словенечката Влада, го усогласи таканаречениот „Корона Закон”. Тоа значи дека компаниите и граѓаните ќе добијат 3 милијарди евра како финансиска помош.

    Премиерот Јанез Јанша изјави дека со вакви мерки може да ги спасиме луѓето, економијата и нашите животи.

    • Вработените кои нема да можат да остварат доволен приход, ќе добијат 700 евра од државата, плус придонеси.
    • Студентите ќе добијат 150 евра.
    • Семејствата со три деца ќе добијат 100 евра.
    • Семејствата со повеќе деца ќе добија 200 евра.
    • Пензионерите со пензија до 500 евра ќе добијат 300 евра помош. Тие до 600 ќе добијат 230, а тие што имаат над 700 ќе добијат 130 евра.
    • Компаниите нема да плаќаат за здравствени трошоци за своите вработени туку истите ќе ги покрива Фондот за здравство.
    • Владините функционери ќе добиваат за 30% помала плата.

     

    Сите овие мерки ќе ги поддржи Европската централна банка со 1 милијарда евра.

    Премиерот Јанша изјави дека нема сектор во Словенија кој нема да добие финансиска помош, вклучувајки ги и општините. Тој исто така најави втор ваков сличен закон, кој што дополнително ќе им помогне на граѓаните и економијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично