ПОВЕЌЕ

    Понуда од Шпаркасе Банка Македонија за одложување на отплатата на кредитните обврски

    Време зa читање: 3 минути

    Шпаркасе Банка Македонија водејќи се од принципите за општествено одговорно работење како дел од Штаермеркише Шпаркасе Групацијата и согласно усвоените мерки од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија, Министерството за финансии и Владата на Република Северна Македонија, ја објавува Понудата за промена на договорните услови за кредитните производи наменети за своите клиенти физички и правни лица со цел полесно премостување на негативните ефекти од Ковид-19 кризата.

    Согласно со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ („Службен весник на Република Северна Македонија бр.76/20 од 24.03.2020 година) и Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на Република Северна Македонија бр.80/20 од 27.03.2020 година), со цел минимизирање на негативните ефекти од Ковид-19 кризата, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје на ден 01.04.2020 година, ги објавува:

    Понудата која се однесува за физичките лица корисници на кредитни производи и кредитни картички, со класификација на категорија на кредитен ризик А, Б и В и кои немаат статус на нефункционална изложеност на 29.02.2020 година им овозможува Грејс период за отплата од 6 (шест) месеци, заклучно со 30.09.2020 година и продолжување на рокот на отплата на кредитот за 6 (шест) месеци.

    Физичките лица кои ја ПРИФАЌААТ Понудата НЕ ИСПРАЌААТ никакво известување до Банката и договорните услови се сметаат за променети согласно оваа Понуда на 11.04.2020 година.

    Известување испраќаат исклучиво клиентите кои ја ОДБИВААТ Понудата, и тоа само преку ЕДЕН од понудените начини за известување наведени во продолжение:

    А. Директно известување по електронски пат на мејлот [email protected], во кое ги наведувате последните 4 (четири) броеви од Вашата трансакциска сметка и последните 6 (шест) броеви од Вашиот единствен матичен број.

    Б. Со јавување во Контакт центар на телефонскиот број 02/3200-600 со идентификација со последните 4 (четири) броеви на Вашата трансакциска сметка и последните 6 (шест) броеви од Вашиот единствен матичен број.

    В. Писмено известување на следната адреса: Ул. Македонија 9-11, 1000 Скопје, со назнака „Одбивање на Понуда со број 13.977/1 од 01.04.2020 година“, при што во самиот документ треба да наведете име и презиме, датум и своерачен потпис, и да се идентификувате со:

    – последните 4 (четири) броеви од Вашата трансакциска сметка

    – последните 6 (шест) броеви од Вашиот единствен матичен број.

    Сите писмени известувања, кои ќе бидат примени во архивата на Банката на горенаведената адреса или испратени по пошта со поштенски печат на ковертот во рокот додека важи Понудата, односно заклучно со 11.04.2020 година, ќе бидат прифатени согласно важноста на Понудата.

    Датум на објава на понудата: 01.04.2020 година.

    Шпаркасе Банка Македонија АД СКОПЈЕ

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично