ПОВЕЌЕ

    Поддршка од холандското Министерство за финансии – потпишан Меморандум за соработка 2020-2022

    Време зa читање: 2 минути

    Размената на искуства и знаења помеѓу министерствата за финансии на Република Северна Македонија и Кралството Холандија продолжува и следните две години во насока на градење подобар систем на јавни финансии во земјава. Министерката за финансии, Нина Ангеловска го потпиша Меморандумот за соработка 2020-2022, потпишан од холандскиот министер за финансии, Вопке Хоекстра, а ѝ го врачи амбасадорот на Холандија во земјава, Дирк Јан Коп.

    Согласно Меморандумот, двете министерства ќе соработуваат преку размена на знаења, искуства и информации за политиките што се спроведуваат. Се предвидуваат програми за обуки, студиски престои, работилници и сл. Преку  соработка и пренесување know-how ќе се придонесе кон градење на човечкиот капитал, како и црпење информации од туѓите искуства во градењето  ефективен систем на јавни финансии.

    Министерката за финансии Ангеловска истакна дека Холандија дава многу важна поддршка на реформите што се прават во јавните финансии во Република Северна Македонија. Инаку, билатералната соработка меѓу двете министерства започна во 2017 година.

    Холандија е значаен партнер на Република Северна Македонија во развојните реформи во сите сфери. Од нашето осамостојување досега, Холандија има доделено средства во висина од над 200 милиони евра за поддршка на разни проекти во Република Северна Македонија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично