ПОВЕЌЕ

    Подарок штедни книшки од Комерцијална банка по повод Светскиот ден на штедењето

    Време зa читање: 3 минути

    Сакајќи да ги научи младите на вистинските вредности и на донесување мудри одлуки, но и да им даде почетен „ветер во грб“, веќе 16 години по ред Комерцијална банка им отвора штедни книшки на сите новороденчиња на овој ден.

    „31 октомври? Тоа не е ден за одмор. Тоа треба да биде ден на работата и претприемништвото поттикнати од идеалот за штедење“.

    Ова мото произлезе од Првиот меѓународен конгрес на штедилниците, одржан токму на 31 октомври 1924 година во Милано, на кој 29 земји ја започнаа иницијативата за зголемување на свеста за важноста на штедењето. Веднаш по Првата светска војна, за првпат на маса била ставена идејата за штедење на постојните ресурси и промена на начинот на нивната употреба.

    Како дел од глобалниот финансиски свет, Комерцијална банка го одбележува овој ден, потврдувајќи ги на тој начин своите корпоративни вредности на општествено одговорна банка, која е насочена кон поединецот и кон неговата финансиска сигурност и безбедност – токму во духот на нашето мото ПОЛЕСНО Е ЗАЕДНО. Комерцијална банка на штедењето постојано му дава дополнителна вредност затоа што кај граѓаните поттикнува идеја за заедништво и градење правилен однос кон финансиите уште од најмали нозе.

    Сакајќи да ги научи младите на вистинските вредности и на донесување мудри одлуки, но и да им даде почетен „ветер во грб“, веќе 16 години по ред Комерцијална банка им отвора штедни книшки на сите новороденчиња на овој ден. Со оваа акција, банката досега започна убава финансиска приказна на повеќе од 600 дечиња, на чии први штедни книшки се вложени над 3.000.000 денари. И оваа година секое новороденче на 31 октомври од Комерцијална банка ќе добие подарок во вид на штеден влог во износ од 5.000 денари.

    Мисијата за создавање навика за штедење кај децата, Комерцијална банка годинава ја дополни со нов проект. На тема штедење размислуваа, истражуваа и пишуваа ученици од средното училиште „Васил Антевски Дрен“ од Скопје, а авторите на трите најдобри есеи ќе добијат штедни книшки со награден депозит од 6.000, 4.500 и 3.000 денари, соодветно.

    Штедењето не е само добра навика, туку и вредна инвестиција затоа што заштедата не ја губи својата вредност и дополнително се зголемува за износот на каматата. Со цел да го направи штедењето уште поедноставно и подостапно, Комерцијална банка ќе воведе и Паричен депозит, со кој клиентот без штедна книшка ќе може да располага со својата заштеда, а промените ќе ги следи на својот извештај од паричниот депозит.

    Постојат уште многу причини плус зошто треба да се штеди. Но, финансиската сигурност и можноста да се остварат поголеми или помали цели се повеќе од доволна причина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично