Сава Пензиско Друштво АД Скопје ги известува своите членови дека во периодот од 28.03.2021 до 06.04.2021 година во пензиските фондови пристигнаа приливи од камати во вкупна вредност од 19.646.499,00 денари и приливи од дивиденди во вкупен износ од 82.959,85 американски долари.
Во Сава пензиски фонд пристигнаa приливи од камати во износ од 5.504.400,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 13.652.866,00 денари.
Во истиот период на сметката на Сава пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд, пристигнаa приливи од дивиденда во износ од:
-11.382,97 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Bank of America Corporation;
-17.474,94 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Royal Dutch Shell plc;
-7.240,37 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares U.S. Energy ETF и
-44.187,50 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Vanguard S&P 500 ETF.
На сметката на Сава пензија плус пристигнаа приливи од камати во износ од 159.373,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 329.860,00 денари.
Во истиот период на сметката на Сава пензија плус, Отворен доброволен пензиски фонд, пристигнаa приливи од дивиденда во износ од:
–314,24 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Bank of America Corporation;
-708,62 САД долари, од инвестираните средства во компанијата Royal Dutch Shell plc;
–145,30 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares U.S. Energy ETF и
-1.505,91 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Vanguard S&P 500 ETF.
Овие приливи се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондoви и влијаат на остварениот принос од инвестирање.
Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот фонд имате во финансиските извештаи кои се објавуваат на веб страната на друштвото.