Халкбанк АД Скопје е присутна цела деценија на македонскиот пазар и со секој производ, платформа или проект, докажува дека навистина е банка посветена на луѓето.
Како пример за грижа за потребите на корисниците се издвојува HalkPay, апликација со супермоќи, која е достапна за секој клиент со активна платежна картичка од брендот Mastercard, издадена од Халкбанк. Корисникот може да ја преземе апликацијата од Google Play Store на мобилен уред со Android оперативен систем. За успешно плаќање, потребно е да ги дигитализирате картичките и да го доближите својот мобилен телефон до ПОС-терминалот што поддржува бесконтактно плаќање. Постојат опции за назначување на картичка број 1 која ќе служи за брзо плаќање (fast payment). Другите дигитализирани картички може да се користат за плаќање со мобилната апликација доколку пред плаќањето ја изберете соодветната картичка.
Сето ова звучи моќно, но која е вистинската супермоќ на HalkPay?
Основно е што лесно и едноставно можете да плаќате дури и кога паричникот не со вас или ви е оставен дома. А што би рекле ако дознаете дека покрај брзината и едноставноста при плаќањата, со секоја трансакција сте чекор поблиску до освојување вредни награди?
Халкбанк започна уште една голема наградна игра која ќе трае до крајот на февруари идната година. Во неа право на учество имаат сите физички лица кои се корисници Mastercard платежни картички, издадени од Халкбанк АД Скопје. Со секоја направена трансакција корисниците стануваат потенцијални добитници на награди, при што оние кои имаат дебитни Mastercard картички, можат да учествуваат во наградната игра со вршење трансакции преку HalkPay и GarminPay апликациите.
Она што е особено важно и што дава супермоќ на плаќањето со HalkPay е што со секоја поединечна трансакција со HalkPay и Garmin Pay апликацијата добивате тројна шанса за добивање награда. Халкбанк подготви интересен награден фонд со 60 вредни награди, од кои 15 ваучери за спортска опрема во вредност од по 6.000 денари ќе бидат доделени во три месечни извлекувања, а во големото финале ќе бидат извлечени добитниците на 6 Garmin часовници, 4 мобилни телефони и 5 ваучери за велосипед.
Плаќајте преку Halkpay, учествувајте во наградната игра и активирајте ја својата супермоќ за супер награди и брз и едноставен шопинг!
Секој клиент кој сака да стане учесник во наградната игра, неопходно е да пополни изјава за согласност за учество на линкот: Македонски – Изјава заприфаќање на учество во наградната игра (halkbank.mk).