Македонска берза го објави месечниот статистички билтен за месец октомври 2022 година.
Од истиот може да забележиме дека акцијата на Оранжерии Хамзали Струмица е акција со најголема промена. Вредноста на оваа акцијза за само еден месец порасна 101,00 отстo.
Во листата на топ 5 акции со најголем пораст се и:
- Тетекс Тетово со пораст од 10.28%
- Макпромет Штип со пораст од 8.50%
- УНИ Банка Скопје 7.07%
- НЛБ Банка Скопје 5.64%
Најголемо опаѓања минатиот месец забележа акцијата на Македонија осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп каде вредноста на акцијата на 30.09.2022 иснесуваше 1.200,00 денари, додека на 31.10.2022 таа се намали за 16,58% или вредноста на акцијата изнесуваше 1.001,00 денари.
Во листата топ 5 акции со најголемо опаѓање се и акциите на:
- Стопанска банка Битола -12,56%
- Гранит Скопје -9,98%
- Жито Лукс Скопје -5,00%
- Македонијатурист Скопје -0,23%