ПОВЕЌЕ

    ПЕТ АКЦИИ НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА СО НАЈГОЛЕМ РАСТ И ПАД во септември

    Време зa читање: 2 минути

    Приоритетната акција на Стопанска банка Скопје имала најголем пораст во текот на септември месец на тргувањето на Македонската берза. На 31.08.2022 година една приоритетна акција на „Стопанска банка Скопје“ имала просечна цена од 692 денари, додека пак, на крајот на септември месец – 30.09.2022 година, нејзината просечна цена достигнала 800 денари за акција или забележала пораст од 15,61 отсто.

    Акцијата на Уни Банка Скопје,се најде на второто место со пораст од 13,21 отсто. Просечната цена на акцијата на Уни Банка Скопје, на 31.08.2022 година изнесувала 2.800 денари, а на крајот на септември месец нејзината просечна вредност изнесувала 3.170 денари.

    На трето место со пораст од 8,78 отсто се најде акцијата на Гранит Скопје, чија просечна цена на акција на 31.08.2022 година била 1.378 денари, еден месец подоцна, на 30.09.2022 година достигнала пазарна цена на берзата од 1499,60 денари.

    Акцијата на РЖ Техничка контрола Скопје, е на четврто место на ранг листата акции со најголем пораст. Просечната цена на акцијата на 31.08.2022 година изнесувала 401 денар, додека на 30.09.2022 таа изнесувала 430 денари.

    Листата топ 5 акции со најголем пораст ја завршуваме со акцијата на РЖ Услуги Скопје, каде на 31.08.2022 година просечната цена на акција изнесувала 52 денари, додека на 30.09.2022 таа изнесувала 55 денари.

    АКЦИИ СО НАЈГОЛЕМ ПАД ВО СЕПТЕМВРИ МЕСЕЦ НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА СЕ:

    • Бетон Скопје
    • Жито Лукс Скопје
    • НЛБ Банка Скопје
    • Макпетрол Скопје и,
    • Алкалоид Скопје
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично