ПОВЕЌЕ

    ПАРИ ИСТРАЖУВАШЕ:Куп пари за Систина и Жан Митрев, ги дуплирале милионите во корона кризата!

    Време зa читање: 5 минути

    За осум дена 18.000 евра морало да плати семејство од Кавадарци за престој на нивниот татко болен од корона во приватна болница.Само 1000 евра на ден ги чинело тоа што е приклучен на респиратор. Во целиот хаос кога веќе се пополнија местата во државните Ковид центри велат место побарале во приватните болници. Свесни биле дека тоа ќе чини, но се надевале на подобар третман. Она што не го знаеле е дека додека нивниот татко се борел за живот секој лекарски чекор што требало да биде преземен прво од нив ќе се барало да ги исплатат парите на сметка.Уште пред да стапне во болницата семејството морало да уплати 4.000 евра депозит.

    -Изутрина во осум му се откачил тромб и додека не уплативме 8.000 евра не го оперираа. На операција беше дури на полноќ во 12 часот зошто чекаа парите да легнат на сметка, за жал татко ми не преживеа. Вкупно за 8 дена плативме 18.000 евра.За мене ова е чисто профитерство и кога ќе помине кризата ги повикувам властите да направат сериозно истражување како се лекувани пациентите во кризава, велат од семејството кое сака да остане анонимно.

    Ова е само еден од многубројните случаи каде што граѓаните во надеж дека нивните најблиски болни од корона ќе добијат подобар третман во приватните болници потрошија цели заштеди, но за жал не сите се излечија.Знае ли некој кој што правеше и колку се наплаќаше во пандемијата!?

    Во услови кога повеќе од половина од капацитетите беа пренаменети во Ковид центри, а како што растеше бројот на заболени и снемуваше место во државните капацитети, на граѓаните им остануваше само да се свртат кон приватните болници Аџибадем Систина и Жан Митрев Клиника.Тие од друга страна ширум ги отворија вратите за сите пациенти со што се ублажи ударот врз државното здравство што неминовно позитивно влијаеше на целата ситуација, кога за една обична настинка со температура никој друг не те прима на преглед.

    Сепак во целата ова ситуација изостана еден момент. Отсуството на солидарност и општествена одговорност од двете приватни болници иако бројот на пациенти им се зголеми неколку пати. Граѓаните јавно и преку социјалните мрежи секојдневно ги повикуваа болниците да ги намалат цените особено за Ковид пациентите, моментот на милосрдие сепак изостана. Па, ни помалку ни повеќе цели заштеди на граѓаните отидоа за само десет дена, а некои беа принудени да собираат пари и преку донации за да си ги платат сметките зошто жив или мртов никој не излегуваше од болницата без да ја плати.

    Порталот Pari.com.mk во соработка со платформата БизнисМрежа.мк. ви открива колку заработиле приватните болници во корона кризата.

    АЏИБАДЕМ СИСТИНА ОСТВАРИЛА ВКУПЕН ПРИХОД ОД 41 МИЛИОН ЕВРА

    КомпанијаПриходи 2018Приходи 2019Приходи 2020Раст 2018/2019Раст 2019/2020
    АЏИБАДЕМ СИСТИНА35,085,665 €38,912,823 €41,305,447 €10.91%6.15%
    ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА15,831,561 €21,660,648 €27,713,386 €36.82%27.94%

    Ако ја анализираме серијата во последните 3 години, се забележува дека од година во година се намалува разлика која постои помеѓу овие два субјекти. Ако во 2018 вкупните приходи на АЏИБАДЕМ СИСТИНА беа за 2.2 пати поголеми во однос на ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА, таквата пропорција во 2019 се намалила на 1.8 пати, додека во 2020 година трендот е продолжен и сега таа разлика е 1.5 пати. Ова е правопропорционално со остварените поединечни стапки на пораст. Имено, ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА преку своето успешно работење остварува стапки на пораст на приходи од околу 30%.

    Сепак, во апсолутни бројки доминантен играч на пазарот е АЏИБАДЕМ СИСТИНА со остварени приходи во износ од 41 милиони ЕУР. 

    Сосема поразлична слика за работењето на компаниите се добива доколку се анализираат низ призмата на остварените добивки, односно нивото на приходи не го следи трендот на остварена добивка. Еве што покажуваат податоците од biznismreza.mk:

    ЖАН МИТРЕВ ЗАРАБОТИЛ 2,2 МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД СИСТИНА

    КомпанијаДобивка 2018Добивка 2019Добивка 2020Раст 2018/2019Раст 2019/2020
    АЏИБАДЕМ СИСТИНА4,120,529 €3,116,703 €5,877,580 €- 24.4%88.6%
    ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА1,551,109 €4,052,999 €8,123,464 €161%100%

    Од горе прикажаната табела, може да се забележи дека и покај тоа што ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА има пониски приходи, во однос на АЏИБАДЕМ СИСТИНА, сепак остварената добивка е далеку повисока. Имено, во 2020 година ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА евидентира добивка во износ од  8.1 милиони ЕУР. Во апсолутен износ тоа е за 2.2 милиони ЕУР повисока добивка од АЏИБАДЕМ СИСТИНА која остварила профит од 5,9 милиони евра. Друг аспект во работењето на ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА е тоа што во 2020 година успеале да ја дуплираат добивката од 2019 година. За разлика од нив, АЏИБАДЕМ СИСТИНА евидентира осцилации во вкупната добивка, а во 2020 остварува пораст од 2.7 милиони ЕУР.

    Заедно овие две компании за време на Ковид-19 ги зголемија своите биланси за неверојатни 14 милиони ЕУР.

    Од аспект на број на вработени, платформата biznismreza.mk, ја синтетизираше следната табела:

    ЖАН МИТРЕВ СО ТРИ ПАТИ ПОМАЛКУ ВРАБОТЕНИ ГЕНЕРИРА ПОГОЛЕМА ДОБИВКА ОД СИСТИНА

    КомпанијаВработени 2018Вработени 2019Вработени 2020Раст 2018/2019Раст 2019/2020
    АЏИБАДЕМ СИСТИНА9439669862%2%
    ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА26531530119%-4%

    Соодносот во бројот на вработени помеѓу двете компании е нешто повеќе од 3/1, во корист на АЏИБАДЕМ СИСТИНА. Од друга страна пак ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА покажа дека и со намалување на бројот на вработени може да се генерира пораст и во вкупните приходи, но и во остварената добивка.

    Заследи не на фејсбук [ т у к а ]

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично