ПОВЕЌЕ

    Пандемијата избриша 560.000 компании ширум светот

    Време зa читање: 2 минути

    Масовните отпуштања и затворањето канцеларии поради кризата со коронавирус ги зафатија скоро сите индустрии и сектори. Како резултат на тоа, стотици илјади компании низ целиот свет не успеаја да ги исполнат предизвиците што ги носи пандемијата и ставија крај на своите бизниси.

    Според податоците од „Buy Shares“, минатата година во светот работеле 213,6 милиони компании, што е за 560 илјади помалку отколку во 2019 година.

    По инвазијата на КОВИД-19, бизнисите мораа да реагираат брзо и одлучно. За повеќето компании, ова значеше промена на начинот на работа, обезбедување услуги и комуникација со клиентите. И иако некои компании, особено во областа на е-трговија и технологија, отворија нови можности во пандемија, многумина немаа толку среќа.

    Според „Статиста“, „Еуростат“ и Светска банка, бројот на компании растеше две последователни децении пред пандемијата. Во 2000 година, повеќе од 122 милиони компании ширум светот беа активни. До крајот на 2010 година, тој број се зголеми на речиси 160 милиони, а шест години подоцна достигна 185 милиони.

    Во 2018 година, беше регистриран најсилниот годишен раст, бидејќи бројот на компании на глобално ниво се зголеми за 20 милиони на вкупно 205 милиони. Во 2019 година, почнаа да работат 9 милиони нови компании, со што го надмина вкупниот број од 214 милиони

    Сепак, КОВИД-19 го скрши трендот и го донесе првиот пад во две децении, а бројот на компании се намали на 213,6 милиони.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично