ПОВЕЌЕ

    „Паметно штеди за иднина што вреди“- ТТК Банка организираше едукативни работилници со над 600 деца од основните училишта од 12 градови

    Време зa читање: 2 минути

    По повод Светскиот ден на штедењето, под мотото „Паметно штеди за иднина што вреди“, ТТК Банка АД Скопје организираше едукативни работилници со над 600 деца од основните училишта од 12 градови.

    Преку интерактивни презентации, едукативни игри и склопување касички за штедење, децата учеа за парите и за важноста на штедењето. Учесниците активно се вклучија во дискусиите за значењето на парите, за важноста на грижата и за управувањето со своите пари и како со заштедените пари може да се реализираат финансиските цели во иднина.

    Добрите навики ги стекнуваме и развиваме од мали нозе!

    ТТК Банка АД Скопје останува посветена и ќе дејствува активно за ширење на свеста за значењето на финансиската писменост кај децата и младите, збогатување на знаењата за финансиските производи и услуги и создавање здрави финансиски навики.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично