ПОВЕЌЕ

    Оштетените од Еуростандар банка: Уставниот суд в четврток повторно ќе расправа за спорниот член

    Време зa читање: 3 минути

    “Во изминатите денови, а и во деновите што следат, Здружението „Правда за штедачи“ го објавува и ќе го објаснува најтранспарентно во детали криминалот кој што со години се случувал во Еуростандард банка. Јавноста и сите учесници во банкарскиот систем заслужуваат да го дознаат тоа. Начините на коj што се давале неповратните кредити и немото следење на истото од страна на Народната банка и гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, за жал соодветствуваат со сегашното молчење на надлежните институции и високите владини претставници кои на тој начин го легитимираат и продолжуваат криминалот, велат од здружението.

    Од Правда за штедачите потенцираат дека досегашните објави на Здружението, каде, како што велат, е јасно како бел ден како менаџментот на банката давал неповратни кредити додека државата преку Народната банка тоа го толерирала и дозволила, некој се уште има сомнеж за сторениот масовен грабеж на депозитите на илјадници граѓани и фирми.

    “Дека во нашиот банкарски систем со правилата и процедури сетирани вакви какви што се, контролирани од тимот на Народна банка на чело со гувернерката Бежоска, некој би се сомневал дека овој банкарски систем е само продолжена рака на криминалците да ги присвојат личните средства на граѓаните и фирмите без притоа да одговараат за делото”, констатираа од здружението.

    Уставниот Суд, како што наведуваат оштетените штедачи сепак дава надеж преку повторното закажано заседавање по претходно поднесена иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки. Истата расправа е од отворен карактер и е закажана за овој четврток, 25 март 2021 година, со почеток во 09.30 часот.

    “Здружението „Правда за штедачи“ го поздравува овој потег на Уставниот Суд да повторно ги разгледа уставноста и законитоста на членот 163 став 3 од овој закон, со којшто му се дава монопол на Фондот за осигирување на депозити да целосно наплати од стечајната маса пред сите други доверители. На тој начин се врши дискриминација, нееднаквост и директно оштетување на сите доверители и особено на правните лица коишто не се воопшто обештетуваат од Фондот. Ова е единствен, уникатен пример за неправда и неуставност во цела Европа и пошироко”, посочуваат од здружението.

    На претходното заседавање на Уставниот Суд, од вкупно девет уставни судии, четири гласа од судиите беа за укинување на спорната одредба од Законот за банки, оставајќи ги останатите пет судии да ја запечатат судбината на над 3.000 семејства погодени од овој мега скандал.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично