Охридска банка АД Скопје преку извесување на Македонска берза АД Скопје, информира дека се утврдува 13-та емисија на акции на Охридска банка АД Скопје, во износ од 615.001.400,00 денари (10 милиони евра) на име обични акции со право на глас за институционален инвеститор по пат на приватна понуда.
Продажната вредност на една акција изнесува 2.650,00 денари, додека вкупната продажна вредност на акциите што се запишуваат изнесува 615.001.400,00 денари.
Оваа Предлог-одлука за издавање на акции ќе биде донесена на следната седница на Собранието на Охридска банка АД Скопје што ќе се одржи на 17.3.2020 година.
Намената на емисијата е зголемување на акционерскиот капитал на Банката со нови уплати од страна на постојниот акционер “Штајермеркише банк унд Шпаркасен АД” (“Steiermarkische Bank und Sparkassen AG”) од Грац, Австрија, заради одржување на соодветно ниво на стапка на редовен основен капитал и стапка на основен капитал,
како и заштитните слоеви на капиталот пропишани со Закон за банки и подзаконската регулатива. Износот на новозапишаните акции е дел од редовниот основен капитал на
Банката и за нив важат одредбите од точка 14 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на
капиталот („Службен весник на РМ“ бр. 218/16).
Со износот на 13-та емисија на обични акции со право на глас Банката ќе го зголеми акционерскиот капитал за 615.001.400,00 денари со што вкупниот број на акции ќе
достигне 748.426 обични акции или 1.983.328.900,00 денари (32,2 милиони евра) акционерски капитал по номинална вредност. Запишувањето и уплатата на акциите ќе се врши на начин и според постапка утврдени со Законот за хартии од вредност, се вели во Предлог-одлуката.