Тешко е да се замисли животот и секојдневието без широката палета на производи на банката. Покрај можностите за парични заеми, депонирање готовина и други банкарски услуги, голем број на иновативни банкарски производи и услуги го олеснуваат секојдневното функционирање во заедницата. Помеѓу иновативните и корисни банкарските услуги кои редовно се практикуваат од страна на корисниците, се вбројува и услугата „Примател на плата” која покрај обезбедување пристап до паричните средства на трансакциската сметка, што се зголемуваат со секој прилив на плата, носи и низа други бенефиции.
Секој што ќе отвори тековна сметка во Халкбанк и преку наведената сметка остварува редовен личен доход, како примател на плата, пред сé добива можност за користење на Mastercard Debit Contactless дебитна картичка со која на клиентот му е овозможено да подигнува готовина од банкоматите на сите банки во земјата без провизија. Халкбанк има и широка мрежа на сопствени современи банкомати од кои се нудат низа услуги со кои се избегнува одење во некоја експозитура и чекање ред на шалтери, како депонирање готовина на својата трансакциска сметка или пак плаќање долг на кредитната картичка.
Друга бенефиција за примателите на плата е можноста за дозволено пречекорување на трансакциската сметка во висина до три месечни плати. Дозволениот минус е најлесно решение за надминување на моментален или периодичен недостиг на пари кој клиентот може да го искористи кога му се потребни средства за купување, но и за подмирување ненадејни или итни трошоци.
Кога станува збор за картичките, со станување клиент со плата во Халкбанк, секој може да избере да добие дебитна, но и кредитна картичка од светските брендови Visa и MasterCard.
Со кредитните картички клиентите можат да купуваат на рати без камата на мрежата на ПОС терминали со кои Банката има склучено договор за рати без камата. Корисниците на кредитните картички, Халкбанк ги наградува и со Бонус програма со која со пазарување на одредени продажни места и во одредени периоди, се добива одреден процент на бонус поени. Бидејќи 1 бонус поен вреди 1 денар, со собирање бонус поени се остваруваат средства кои потоа може да се искористат на било кое продажно место каде постои ПОС терминал на Халкбанк. А нив навистина ги има насекаде!
Халкбанк, на своите клиенти, приматели на плата им овозможува и штедење со најповолни каматни стапки со наменскиот депозит за приматели на плата „Мој депозит”. Каматата за овој тип на производ е фиксна и се движи до 1,30% за штедење во денари на рок од 36 месеци и 0,90% за штедење во евра за рок од 36 месеци. Клиентот може да одбере помеѓу исплата на камата на крај на период на орочување или месечно.
Дополнително Халкбанк го прошири асортиманот на производи и услуги и на своите ценети клиенти им овозможи да купат полиси за неживотно осигурување (патничко осигурување, автомобилска одговорност, каско осигурување, зелен картон, осигурување на имот и останати типови) издадени од Халк Осигурување АД Скопје во сите филијали на Халкбанк во земјата.
Бидејќи мисијата на Халкбанк е да ги разбере и континуирано да ги задоволува потребите и желбите на своите клиенти и согласно на тоа да обезбеди најдобро можно корисничко искуство, клиентите имаат навистина оправдана причина за да станат клиенти и приматели на плата во Банката и да ги искористат поволностите и бенефициите.