ПОВЕЌЕ

    Отвори нови хоризонти со Debit Mastercard од Комерцијална банка!

    Време зa читање: 2 минути

    Понекогаш важните работи доаѓаат во многу едноставно пакување. Сега со само еден чекор можете да добиете целосна слобода во плаќањето.

    Со Debit Mastercard® дебитната картичка од Комерцијална банка парите ви се на дофат во секое време. Можете да плаќате на милиони продажни места во земјава, во странство и на интернет без никаква провизија. А, при плаќања со картичката во странство конверзијата секогаш се врши по најповолен курс!

    Можете да повлекувате готовина од банкомати секаде во светот, а на големата мрежа банкомати на Комерцијална банка можете да повлекувате и уплаќате готовина без надомест. Притоа ќе имате целосен увид во вашата сметка преку мобилната апликација мБанка и за секоја трансакција ќе добивате бесплатни известувања.

    Debit Mastercard овозможува и бесконтактно плаќање за само една секунда – брзо, едноставно и безбедно. Освен што може да плаќате со картичката, може да плаќате и со мобилен телефон користејќи ја бесплатната Android апликација KomPay секаде каде што има POS терминал за бесконтактно плаќање. Сега дури можете и да повлекувате готовина преку KomPay на бројните бесконтактни банкомати.

    Покрај редовните привилегии кои ги добивате со Debit Mastercard, може да аплицирате и за дозволено пречекорување до 2 плати и да ја користите можноста да плаќате до 24 рати без камата на продажните места кои имаат склучено договор со Комерцијална банка.

    Картичката е без членарина за првата година, а воопшто ќе немате членарина и во следните години доколку направите годишен промет на продажни места над 30.000 денари или ја примате платата или пензијата преку Комерцијална банка и немате други дебитни картички.

    Со толку многу предности на Debit Mastercard од Комерцијална банка можете навистина да уживате во беспрекорното банкарско искуство. Сѐ што треба е да пополните барање на https://apliciraj.kb.mk/ и ќе ве известиме кога да си ја подигнете картичката од избраната експозитура или филијала.

    Сите информации за Debit Mastercard дебитната картичка ви се достапни на следниот линк: https://kb.mk/debit-mastercard.nspx .

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично