Постојат 3 начини да се заработат пари:
- Продавање на труд (работење)
- Продавање на капитал (инвестирање)
- Изнајмување на капитал (позајмувње на пари)
Трошоците се сите работи за кои трошиме финансиски средства. Тоа може да биде сè од неопходни работи како домување, облека и храна до работи кои не се неопходни како трошоци за забава и разонода.
Доколку повеќе заработуваме од што трошиме, во тој случај, на крајот на денот ќе имаме вишок на финансиски средства. Тој вишок на средства можеме да го инвестираме или да го заштедиме. Доколку повеќе имаме трошоци од тоа што сме заработиле во тој случај имаме дефицит на нашиот личен буџет. Ќе биде потребно да позајмиме пари за да можеме да ги платиме сметките.
Ова сценарио не е посакувано. За да излеземе од овој дефицит би било потребно да најдете втора работа или да скратиме на трошоците.