Осигурителниот сектор поткрепен од технологија стабилно расте веќе доста време и јасно е дека има огромно влијание врз традиционалното поле на осигурување. Всушност, според извештајот на Акцент, 96% од осигурителните компании веруваат дека дигиталните деловни модели имаат влијание врз осигурителната индустрија.
Други ја сметаат оваа подкатегорија на ФинТек како нарушувач и трансформатор на индустријата што носи со себе голем број на иновации. Сингапур, Велика Британија и Германија се примери на земји кои сериозно ги сфатиле инструментите за намалување на регулаторните бариери за нови компании.
Сите показатели укажуваат на тоа дека овие нови осигуретелни компании се во пораст. Во блиска иднина ќе настане промена на традиционалниот и конвенционален систем. Во новата индустрија ќе бидат застапен полесен пристап до податоци што вклучува голема брзина, усогласеност и подобрување на целокупното искуство на клиентите. Целата инфраструктура ќе стане поагилна и лесно прилагодлива на новите процеси и однесување на пазарот. Некои од овие нови системи имаат можност да го анализираат клиентот и неговото однесување и врз основа на тие емпириски податоци да донесуваат поинформирани одлуки.
Усогласеноста го претставува здравиот разум во индустријата. Податоците стануваат сè посуштински секој ден и клиентите се свесни за тој факт. На компаниите поткрепени од технологија им се потребни податоци за да имаат увид, но исто така треба да градат лојалност и доверба кај своите клиенти.
Со брзиот пораст на новитетите како вештачката интелигенција и машинско учење, овие модерни осигурителни компании ќе треба да најдат методи во текот на деловниот модел за да ја зголемат ефикасноста и да ја подобрат нивната услуга. Овие нови технологии може да донесат револуција во веќе менуваната индустрија.
Имено, осигуретелни компании предводени од технологија треба да создадат прилагодливи производи кои лесно ќе се интегрираат во рамките на екосистемот на услуги. Овие производи не само што треба да ги подобрат традиционалните методи, туку и треба да работат заедно со другите играчи на пазарот за да обезбедат холистичка услуга.