ПОВЕЌЕ

    ОНЛАЈН штедење преку мобилното и електронското банкарство на ТТК Банка

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка АД Скопје нуди можност за електронско орочување на депозити преку платформите за мобилно и електронско банкарство. Користејќи ја оваа услуга корисниците имаат можност брзо, едноставно, без трошоци, да орочат парични депозити.

    Производот е наменет за физички лица корисници на електронско банкарство на ТТК Банка АД Скопје и може да се отвори преку платформата за електронско банкарство TTK E-bank или преку апликацијата за мобилно банкарство TTK M-bank.

    Минималниот износ за отварање штеден влог по видување и детско орочено штедење или по видување е 1.000 денари или 20 евра, додека за орочен депозит 3.000 денари или 50 евра.

    Начин на исплата на камата: месечна или на крај на период на орочување по избор на корисникот.

    Тип на каматна стапка: фиксна.

    Рок на орочување: 1, 3, 6, 9, 12, 24 и 36 месеци.

    Валути: денари и девизи (EUR, USD, AUD, GBP, CAD, DKK, SEK, NOK).

    Каматни стапки: каматни стапки на стандардните денарски и девизни депозити.

    Метода на пресметка на камата:  конформна метода.

    Реорочување: При доспевање депозитот  се реорочува  во согласност со Договорот.

    Предвремено раскинување: при предвремено раскинување на Договорот на депозитот се пресметува камата по видување според Одлуката за утврдување на висината на пасивните каматни стапки на Банката, за целото време во кое средствата биле орочени. Предвремено раскинување на Договорот неможе да се изврши електронски од страна на клиентот, ќе се врши единствено во филијалите и експозитурите на Банката.

    Договорот за електронско орочување се потпишува во електронска форма.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично