Во периодот јануари-јуни 2021 година Друштвото оствари вкупни приходи во висина од 207,91 милиони денари и кај истите има 10,78% зголемување споредбено со истиот период од 2020 година. Во структурата на вкупните остварени приходи најголемо учество, 93,38% имаат приходите од домашен транспорт на деривати кои во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат зголемување од 11%.
Во периодот јануари-јуни 2021 година Друштвото оствари вкупни расходи во висина од 177,44 милиони денари и кај истите има 0,88% намалување споредбено со истиот период од 2020 година. Во структурата на вкупните остварени расходи најголемо учество, 35,55% имаат расходите за трошоци за вработени кои во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат стагнација.
Друштвото заклучно со 30.06.2021 година оствари добивка по оданочување во висина од 27,01 милиони денари и истата е зголемена за 263% во однос на истиот период од 2020 година. Ваквиот резултат се должи на зголемување на приходите од транспорт на деривати на домашниот и странскиот пазар истовремено со стагнација и незначително намалување на оперативните расходи.
Исплатени дивиденди (вкупно и по акција);
На 25.06.2021 година Друштвото изврши исплата на дивиденда во бруто-износ од 62,05 милиони денари или 260,00 денари во бруто износ по акција.
Вложувања или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис
Во овој период Друштвото вложило во материјални средства износ од 9,08 милиони денари, а од друга страна не остварило продажба или значителен отпис на истите. – Промени во кредитните задолжувања; Друштвото не е кредитно задолжено.
Исполнување на планот и очекувања за претстојниот период.
Друштвотo ги остварува планираните параметри и очекува дека истата тенденција ќе продолжи и во идниот период, но со оглед на тоа дека глобалната здравствена пандемија се уште трае и нејзината непредвидливост остава неизвесност за попрецизни предвидувања за остварување на планираните активности на друштвото.