ПОВЕЌЕ

    Од следната година ќе знаеме кои се вистинските сопственици на фирмите

    Време зa читање: 2 минути

    Од следната година ќе биде пуштен во употреба регистарот на вистински сопственици, којшто ќе покажува каде некој има сопственост, удел и колкав е тој удел, соопшти директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски.

    Во тек е негова имплементација и финални чекори кон привршување на софтверското решение и негова интеграција на страницата на Централниот регистар.

    Секој постоечки субјект ќе добие рок од 30 дена да пополни формулар, во кој ќе внесе податоци каде и колку акции или удели има, дали некаде е претседател на управен одбор и слично. Секој удел на физичкото лице во кој било правен субјект, без оглед дали е два, пет, 50 или 100 проценти треба да биде внесен во регистарот.

    Демо верзијата на регистарот се очекува да биде готова до средината на следниот месец, а веќе кон крајот на првиот квартал на 2020 ќе биде пуштен во употреба новиот официјален портал кога ќе започне и законскиот рок од три месеци субјектите да ги пополнат потребните податоци.

    Новиот регистар на вистински сопственици ќе биде сервисен модел, лесно достапен за употреба и за професионалните групи, но и за пошироката јавност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично