Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.04 – 30.04.2022, четврт месец по ред брокерската куќа Еурохаус АД Скопје остварува најголем промет во вкупно тргување на Македонската берза со што наметнува како лидер по остварен промет за првиот квартал, но по иста патека продолжува и на стартот од вториот квартал од 2022 година. Еурохаус АД Скопје во месец април оствари вкупен промет од 636.686.712 ден, додека Комерцијална банка оствари промет од 321.632.865 ден, а веднаш заднеа е Шпаркасебанка АД Скопје вкупен промет од 235.944.715 ден.