Одлична шанса да се приклучите кон реномирана меѓународна финансиска групација и да станете дел од професионален меѓународен тим на Внатрешна ревизија, кој во соработка со Одборот за ревизија, Управниот одбор и менаџментот на Банката обезбедува постоење на, и усогласеност со, системот на интерни контроли и ефикасни оперативни практики.
Интерен Ревизор за позицијата Ревизор/Супервизор
Значајни должности:
- Извршување на сите фази на ревизорскиот процес, во соработка со Менаџерот на ревизијата.
- Извршување на детални анализи за оценка на ефективноста и ефикасноста на ревидираниот процес/функција, како и неговата усогласеност со локалната регулатива и корпоративните политики и процедури.
- Подготвување и презентација на ревизорски извештаи до Менаџерот на ревизијата и Менаџерот на ревидираниот процес/функција, и обезбедување на периодичен мониторинг на спроведувањето на плановите на менаџментот за корективни акции.
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома во релевантна област (Сметководство и Ревизија, Финансии или еквивалентна област).
- Најмалку 3 години релевантно работно искуство во областите на внатрешна, надворешна ревизија и/или сметководство и финансии; искуство во внатрешна ревизија ќе се смета како предност.
- Професионална квалификација (или значително комплетирана квалификација) ќе се смета како значајна предност (Овластен ревизор, CIA, ACCA или еквивалентно).
- Познавање и значително искуство во спроведување на Меѓународните стандарди за професионална практика на внатрешната ревизија и Меѓународните стандарди за финансиско известување, ќе се сметаат како значајна предност.
- Одлични способности за тимска работа, комуникација и меѓучовечки односи.
- Кандидатот треба да биде способен/на да работи независно и самостојно, со органичена супервизија.
- Значајни аналитички и презентациони способности и способност за писмено известување.
- Одлично познавање (вербално и писмено) на англиски јазик, како и стручно и напредно користење на MS Office.
Стопанска банка АД – Скопје нуди атрактивен компензационен пакет и можности за континуиран професионален развој кои ја рефлектираат нејзината улога на водечка финансиска институција.
Работната позиција и месечниот надомест ќе бидат утврдени согласно искуството и квалификациите на кандидатот.
Доколку сте заинтересирани и квалификувани за наведената позиција, Ве молиме аплицирајте со поднесување на Вашето CV и Писмо за интерес на англиски и македонски јазик, електронски на: [email protected]
Пријавувањето можете да го извршите најдоцна до 16 декември 2019.
Единствено квалификуваните кандидати во потесен избор ќе бидат понатаму контактирани.