ПОВЕЌЕ

    Оглас за вработување во Халкбанк – аплицирајте најдоцна до 25.07.2021

    Време зa читање: 3 минути

    Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со својата стратегија, банката е секогаш отворена за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на тимот, Банката им нуди одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор.

    Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, Банката објавува оглас за прием и пополнување на следната работна позиција:

    ИТ Специјалист за ИТ Хелп Деск
    во Дирекција за информациски средства и техничка поддршка
    (Референца Бр. 010/2021)

    Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се: 

    • Завршено најмалку Високо бразование од областа на информатиката и компјутерските науки;
    • Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 1 години;
    • Одлични познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање;
    • Возачка дозвола Б категорија.

    Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:

    • Одлични комуникациски вештини;
    • Искуство со ИТ Хелп Деск подршка, мониторирање на системи, решавање и ескалација на проблеми (инциденти);
    • Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
    • Познавање на  работа со компјутери и Windows оперативен систем;
    • Основно познавање на MSSQL;
    • Основно познавање на компјутерски мрежи и сигурност на информациски системи;
    • Познавање на .Net, C#, XML ќе се смета за предност.
    • Подготвен да учи и да работи со најнова компјутерска технологија;
    • Професионален пристап кон работните обврски;
    • Ефикасно управување со време, приоритети и почитува рокови;
    • Чесност и доверливост;
    • Способност за тимска работа;
    • Професионален изглед и однесување.

    За оваа работна позиција, кандидатот пожелно е да поседува работно искуство, познавање и способности за вршење на дел од следните работните задачи, кои што ќе бидат должност на вработениот ангажиран на горенаведената позиција:

    • Одговорен за овозможување на прво ниво на поддршка на крајните корисници и  правилно и целосно функционирање на апликативните Хелп Деск системи во Банката;
    • Овозможување на аппликативна поддршка во рамки на Апликативните модули во Банката, како и давање на Системска подршка на крајните корисници;
    • Организирање и спроведување на поддршка  за корисниците во наведените модули;
    • Анализирање на можностите за користење на модулите, вршење надзор за правилно користење, утврдување, отстранување неправилности и настанати грешки во работењето на модулите;
    • Изготвување упатства, извештаи, мислења и препораки во врска со работењето на Хелп Деск системот ;
    • Вршење прием, инсталација и надградба на модулите во соработка со надворешните релевантни страни;
    • Учество во проекти за унапредување на споменатите апликативни модули, како и за останати активности и тековни ангажмани во рамките на Дирекцијата.

    Доколку сте заинтересирани за позицијата, Халкбанк АД Скопје ве охрабрува да аплицирате најдоцна до 25.07.2021 година, на следниов е-маил: [email protected] со назнака: Референца бр. 010/2021 ИТ Специјалист за ИТ Хелп Деск.

    За да аплицирате, потребно е да го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката.

    Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично