Оглас 1: Раководител на сектор за контрола и усогласеност на работењето (1 извршител)
Работни задачи:
- Координација и управување со ресурсите во Секторот за контрола на усогласеност и спречување на перење пари;
- Исполнување на целите на Секторот и спроведување на стратегијата на Банката;
- Следење на прописите и најдобрата пракса во смисла на усогласеност на работењето на Банката со законската регулатива;
- Оценување на потенцијалното влијание од промените во прописите врз работењето на Банката и врз опкружувањето во кое функционира Банката и навремено известување на членовите на Управниот одбор и вработените во Банката за измените;
- Контрола на интерните акти од аспект на нивната усогласеност со законската регулатива и постоечките акти во Банката;
- Постојано и ефикасно советување на членовите на Управниот одбор за прашања во врска со примената на прописите;
- Следење и тестирање на усогласеноста на работењето на Банката со прописите и известување за неусогласености и за преземените корективни мерки за нивно надминување;
- Оценување на ризикот од неусогласеност;
- Оценување на усогласеноста на новите производи и деловните процеси во Банката со законската и подзаконската регулатива;
- Ажурирање на интерните акти на серверот на Банката;
- Документирање на работење и доставување месечни извештаи до Управниот одбор и шестмесечни извештаи до Надзорниот одбор;
- Други активности на барање на органите на управување и надзор во Банката.
Оглас 2: Референт во служба за спречување на перење пари и финансирање тероризам (1 извршител)
Работни задачи:
- Следење на прописите и најдобрата пракса во смисла на усогласеност на работењето со позитивните законски прописи и следење на новините во прописите и меѓународните стандарди за спречување перење пари и финансирање на тероризмот;
- Советување на органите на управување за мерките коишто треба да бидат преземени заради почитување на прописите од областа на спречувањето на перењето пари и финансирањето на тероризмот, вклучувајќи и следење на сите измени и дополнувања на овие прописи;
- Воспоставување и унапредување на процедурите и постапките предвидени во Програмата за спречување перење пари и финансирање на тероризмот;
- Имплементација на ефективна контрола за да се обезбеди потполна усогласеност со меѓународните и локалните прописи, како и со интерните процедури и политики на Банката;
- Документирање на своето работење и доставување на редовни извештаи до Управниот одбор и Надзорниот одбор на Банката;
- Анализа на ризиците од перење пари и финансирање на тероризмот согласно интерните акти, вклучувајки ги и сите критериуми за ризично профилирање;
- Прибирање на сите невообичаени трансакции доставени од разните организациски делови во Банката, анализа, подготвува писмени извештаи и одлучување дали тие трансакции имаат карактеристики на сомнителна трансакција, односно донесување на одлука за нивно (не)пријавување во Управа за финансово разузнавање;
- Oбезбедување на информации и документација за сите трансакции пријавени во Управата како и за сите трансакции за кои било одлучено да не се пријаваат, вклучувајќи ги и причините поради коишто била донесена таква одлука;
- Изготвување на интерни прегледи на банкарското портфолио преку извештаи за ажурирани податоци на правните и физичките лица, сопственичката структура на правните лица, структура на клиенти според нивниот ризичен профил, прегледи на физички и правни лица со остварен промет на трансакциска сметка,прегледи на девизните регистри, регистарит за менувачко работење и регистарот за брз трансфер на пари;
- Изготвува список на трансакции на физички и правни лица со off-shore финансиски центри;
- Доставување извештаи до соодветните институции – Управа за финансово разузнување, Финансова полиција, УЈП, и др.институции предвидени согласно законската регулатива;
- Ажурирање на црни листи;
- Креирање план и спроведување на обука на сите вработени за спречување перење на пари;
- Одговорност за ажурирање документи на серверот на Банката;
- Други работи по налог Раководителот и/или Управниот одбор.
Кандидатите треба да поседуваат:
- Факултетска диплома;
- Напредни вештини во MS Office;
- Познавање на англиски јазик;
- Комуникациски вештини, усмени и писмени;
- Аналитичко расудување и внимание на детали;
- Вештини на одлучување и решавање проблеми;
- Проактивен, самоиницијативен, доверлив;
- Лична одговорност и интегритет;
- Спремност за учење и професионално усовршување.
Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: [email protected]
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.