За да имаме економски раст и да останеме конкурентни во светот на технологијата, потребно е образование кое ќе создава кадри подготвени за глобалниот пазар и индустрии што ќе вложуваат во истражување и развој. Олимпија Христова Заевска, експерт за меѓународни инвестиции и економски развој, која има повеќе од 10 години искуство во меѓународниот бизнис и владините политики, помага на компании и влади во креирање ефикасни инвестициски стратегии, со фокус на зелените финансии, енергетската транзиција и индустриските иновации.
Како можеме да создадеме образование што ќе ги подготви идните генерации за Индустрија 4.0?
Како компаниите и владите треба да соработуваат за да привлечат квалитетни инвестиции?
Што треба да се промени за да ја направиме нашата економија препознатлива на глобално ниво?
Олимпија, со своето меѓународно искуство и академска експертиза, ни дава одговори на овие прашања и нуди конкретни решенија за бизнисите и институциите.
Целата епизода и слични на оваа се достапни на New Biz Podcast