ПОВЕЌЕ

    Норвешкиот државен фонд оствари 180 милијарди долари добивка

    Време зa читање: 2 минути

    Норвешкиот државен фонд, најголемиот светски фонд, забележа 19,9 проценти поврат од инвестициите на пазарот, заработувајќи рекордни 1,69 трилиони норвешки круни (180 милијарди долари). Ова е втор најдобар годишен резултат на фондот, се вели во денешното соопштение.

    Ова е најголем пораст на вредноста за една година во истиот фонд, на кој можеме да се заблагодариме за позитивниот поврат на капитал во сите сектори – изјави Јингве Слингштад, извршен директор на фондот во заминување.

    Минатогодишниот поврат од инвестициите изнесувал скоро 34.000 долари за секој од 5,3 милиони жители на Норвешка, а вкупната вредност на фондот сега достигнал 207.000 долари за секој маж, жена и дете, наведува CNBC.

    Овој норвешки фонд сега вреди три пати повеќе од годишниот БДП на целата земја. Фондот, патем, има удел во повеќе од 9.000 компании на глобално ниво, а поседува 1,5 проценти од сите акции кои котираат на берза. Акциите на двата технолошки гиганти, Apple и Microsoft, најмногу придонесоа за приносот на фондот во 2019 година, а ги следи Nestle, додека најлоши биле Nokia, Pfizer и Swedbank.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично