ПОВЕЌЕ

    Ново од Комерцијална банка – лимити за онлајн плаќање за уште поголема заштита на вашата картичка

    Време зa читање: < 1 минутa

    За максимално задоволство и сигурност при плаќање онлајн со картичка, Комерцијална банка им овозможи на своите клиенти лимити за онлајн трансакции. Со оваа корисна и практична услуга клиентите добиваат уште поголема безбедност и заштита од злоупотреба на нивната картичка.

    Покрај постојните лимити за број и износ на трансакции на ПОС терминал и на АТМ, сега можат да постават посакуван лимит и за број и износ на онлајн трансакции. Лимитите можат да бидат дневни или периодични, согласно потребите и навиките на клиентот и, што е најважно, во кое било време и без ограничувања може да се менуваат, исто така, согласно желбите и потребите.

    Увид во поставените лимити, како и нивна промена, може да се направи преку Интернет банка, мБанка, Контакт-центарот за картички или на шалтерите на Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично