ПОВЕЌЕ

    “Новиот буџет на ЕУ како нов Маршалов план”

    Време зa читање: < 1 минутa

    Следниот буџет на ЕУ би требало да има форма на новиот Маршолов план, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаејн.

    Ваквиот буџет би требало да биде усвоен за да се стимулира закрепнувањето на Европа од кризата предизвикана од коронавирусот.

    „Знаеме дека во оваа криза ни се потребни брзи одговори. Не можеме да чекаме една година, две или три да измислиме нови алатки“, изјави таа на прес конференција.

    Таа потенцира дека долгорочниот буџет, познат како повеќегодишна финансиска рамка е најмоќното средство.

    „Сакаме да ја обликуваме повеќегодишната финансиска рамка за да биде клучен дел од нашиот план за закрепнување. Многумина сега се повикуваат на нешто што се нарекува ова Маршалов план. Мислам дека европскиот буџет треба да биде Маршалов план кој го изнесовме заедно како Европска унија за европските граѓани“, изјави таа, објави Reuters.

    Маршалов план е американска програма за помош на Западна Европа од 1948 година, за да го стимулира закрепнувањето по Втората светска војна.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично