Бидете брзи, ефикасни и одговорни – бесплатно уплатете го вашиот дневен промет со вашата Visa Business Debit картичка за правни лица од Комерцијална банка.
Искористете го новиот промотивен период до 30.09.2023 година за бесплатно да извршите уплата на дневен промет на cash-in банкоматите на Комерцијална банка.
Услугата е особено погодна за динамични микро и мали бизниси затоа што штеди и време и пари.
За уплата на дневен промет имате на располагање 52 cash-in банкомати на Банката низ земјава.
Банкоматите ги прифаќаат сите книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари. Со секоја поединечна трансакција може да се внесат до 40 банкноти. Уплатата веднаш се евидентира на основната трансакциска сметка на правното лице-имател на картичката.
За локацијата на банкоматите на Комерцијална банка отворете го следниот линк.