ПОВЕЌЕ

    НОВА ДОЛЖНИЧКА ЛИСТА Кои Минстерства, агенции, болници најмногу должат?

    Време зa читање: 4 минути

    На новата должничка листа на Министерството за финанасии се наоѓаат 1.180 институции од здравството, образованието, културата, јавни претпријатија на централно и локално ниво, регулаторни тела, агенции, центри за социјална заштита кои пријавиле милионски доспеани, а неплатени обврски.

    Растат долговите на државните институции, на дел од општини, јавни претпријатија, министерства, здравствени установи, училишта  – на крајот од првата половина од годинава достигнаа 332.000.000 евра, пишува Порталб.

    Во вториот квартал во споредба со првиот општините успеале да намалат дел од долгот, но раст на долговите има во здравството, на јавните претпријатија и фирми во државна сопственост, на голем дел од буџетските корисници, судовите.

    Државните долгови се зголемија и во вториот квартал од годинава – пораст има и во однос на првиот квартал, но и во однос на истиот период лани. На новата должничка листа на Министерството за финанасии се наоѓаат 1.180 институции од здравството, образованието, културата, јавни претпријатија на централно и локално ниво, регулаторни тела, агенции, центри за социјална заштита кои пријавиле милионски доспеани, а неплатени обврски.

    Податоците покажуваат дека вкупниот пријавен долг на се што значи државна институција на централно и на локално ниво изнесува 332.000.000 евра. Во споредба со првиот квартал од годинава тој е зголемен за 20 милиони евра, а во споредба со лани истиот период за 51,5 милиони евра.

    Доспеани а неплатени обврски

    2 квартал 2021                                      332.000.000 евра

    1 квартал 2021                                      312.000.000 евра

    2 квартал  2020                                     280,5 милиони евра

    Забележително е дека општините и општинските јавни претпријатија на квартално ниво успеале да го намалат долгот во споредба со првиот квартал, но и натаму оваа група котира високо според износот на долговите, над 61 милион евра.

    Доспеани неплатени обврски  – јуни 2021

    Општини                                                                          61,4 милиони евра

    Ј.П и државни фирми                                                    127,7 милиони евра

    Општински јавни претпријатија                                  48,5 милиони евра

    Јавни здравствени установи                                         60,8 милиони евра

    Голем број на училишта, агенции, јавни претпријатија, речиси сите општини, болници, министерства се на новата листа на должници – со доспеани, а неплатени обврски.

    Порталб направи анализа на долговите според видот на институциите. Меѓу државните Агенции со поголеми износи на долгови се Агенција за храна и ветеринарство со скоро 95 000 евра, Агенција за млади и спорт со долг од скоро 50 000 евра, а приближно толку должи и Агенцијата за лекови. Доспеани, а неплатени обврски повисоки од 50 000 евра пријавил и скопскиот  Државен санитарен и здравствен инспекторат.

    На листата должници се и затворите – со поголеми долгови се КПД Идризво со 388 000 евра и КПУ затвор Скопје-Шуто Оризари 686 000 евра.

    Доспеани, а неплатени обврски имаат и министерствата, а со поголем износ на долг се Министерството за култура, Министерството за транспорт, МНР.

    Досепани неплатени обврски – министерства

    Министерство за транспорт и врски                                1 500 000 евра

    Министерство за култура                                                       858 000 евра

    Министерство за надворешни работи                                488 000 евра

    Министерство за образование и наука                                386 000 евра

    Милионски доспеани, а неплатени обврски пријавиле и болниците односно јавните здравствени установи речиси од цела држава. На листата се наоѓаат и клинички центри, медицински институти, но и здравствени домови од двесеттина градови – од Охрид, Тетово, Штип, Велес, Валандово, Скопје, Куманово.

    Здравствени установи – долгови

    ГОБ   8-ми септември                                                                   4 500 000  евра

    Завод за нефрологија-Струга                                                         800 000 евра

    Институт за трансфузиона медицина                                       3 104 000 евра

    Институт по белодробни заболувања кај децата-Козле      3 339 000 евра

    ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство                              3 240 000 евра

    ЈЗУ Клиника за детска хирургија                                                 1 700 000 евра

    ЈЗУ Клиника за неврологија                                                          1 300 000 евра

    ЈЗУ Клиника за радиотерапија и онкологија                             2 565 000 евра

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично