Согласно oдлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2019 година и нераспределена добивка од претходни години, на акционерите им се исплатува бруто-дивиденда по акција изнесува 1.980 денари, пишува во предлог одлуката за претстојното Собрание на акционери на банката објавена преку Македонската берза.
Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2019 година е 28.04.2020 година. Прв датум на тргување без право на дивиденда за 2019 година е 29.04.2020 година. Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на делот од добивката наменет за дивиденда за 2019 година е 30.04.2020 година, потврдено со изводот на акционерската книга на ЦДХВ.
Исплатата на дивиденда ќе отпочне 30. ден од одржувањето на Собранието на НЛБ Банка АД Скопје“, се вели во одлуката.