НЛБ Банка во соработка со своите повеќегодишни партнери Сава осигурување, Кроациа осигурување Живот и Сава пензиско друштво организира караван за финансиско советување за небанкарски продукти пред експозитурите на Банката, во период од 17ти мај до 11ти јуни.
Караванот има за цел да овозможи поголема информираност, стручно советување и едукација на клиентите за осигурителните продукти и услуги од двата сегменти на животното и неживотното осигурување, а воедно и подигнување на свесноста кај клиентите за значењето на капиталното финансирано пензиско осигурување и придобивките од доброволниот пензиски фонд.
Преку различни промотивни и едукативни активности кои ќе се одржуваат пред повеќе експозитури на НЛБ Банка во Скопје и низ останатите градови во државата, клиентите ќе можат да добијат целосни информации и одредени промотивни поволности за Доброволното приватно здравствено осигурување од Сава осигурување и останатите осигурителни полиси од сегментот на неживотното осигурување.
Исто така, ќе можат да се информираат и советуваат за продуктите на животното осигурување од Кроациа осигурување Живот, како што се Индивидуалното осигурување на живот, Коко детско штедното осигурување, Ризико осигурување на живот (за кредитокорисници) и други. Дополнително, со свои промотивни тимови ќе бидат присутни и Сава пензиско друштво каде членовите и клиентите ќе можат да се информираат за сите прашања во делот на капиталното финансирано пензиско осигурување, да добијат понуди за Доброволното пензиско осигурување прилагодени според нивни можности и преференции и да се информираат за дигиталните алатки на Сава пензиско друштво.
За местото и времето на одржување на промотивните активности на Караванот за финансиско советување за небанкарски продукти, клиентите ќе можат да се информираат преку социјалните мрежи на НЛБ Банка и друштвата за осигурување.
НЛБ Банка како водечка банкарска институција овозможува сеопфатна понуда за клиентите со која тие добиваат банкарски и осигурителни продукти на едно место. Караванот за финансиско советување за небанкарски продукти во организација на Банката ќе придонесе кон поголема финансиска писменост и едукација на клиентите за полесно носење на финансиски здрави одлуки и поквалитетно и посигурно живеење.
Повеќе инфомрации за караванот можете да добиете на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на Kонтакт центарот на телефон: 02/15 600.