ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите до крајот на годината

    Време зa читање: 2 минути

    НЛБ Банка, следејќи ги потребите и барањата на клиентите, ја продолжува промотивната кампања која се однесува на сите потрошувачки, станбени, хипотекарни и останати кредити за физички лица до крајот на годината, овозможувајќи низа поволности за сите оние кои ќе ја изберат НЛБ Банка за свој кредитен партнер.

    Имено, клиентите кои до 31 декември ќе аплицираат за некој од НЛБ кредитните продукти за физички лица добиваат единствена можност бараниот кредит да го добијат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на имот за кредитите со обезбедување на недвижен имот.

    Постапката на одобрување на НЛБ кредитите е брза и едноставна. Потрошувачките кредити се одобруваат единствено со лична карта, без дополнителна документација, а кредитот е достапен со само една посета на експозитура или пак со само неколку клика на апликацијата за мобилно банкарство, доколку клиентите го изберат целосно автоматизираниот мобилен кредит во износ до 10.000 евра.

    За корисниците на станбен кредит пак, Банката има особено флексибилен однос и широка понуда од повеќе градежни компании за кои се овозможени поповолни услови за кредитирање и одобрување на кредитот без нотарски трошоци.

    Повеќе детали за сите кредитни продукти и промотивни понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично