Со цел поголема заштита на клиентите и спречување на ширење на Корона вирусот, НЛБ Банка го зголеми износот за вршење на бесконтактни плаќања без потреба од внесување на ПИН код на своите ПОС терминали.
Со оваа мерка, моменталниот износ од 750 мкд се зголемува на 2.000 мкд. Со оваа можност се опфатени сите плаќања со MasterCard и Visa картичките со бесконтактна технологија, како и NLB Pay мобилниот паричник на ПОС терминалите на НЛБ Банка.
Бесконтактната технологија претставува брз, едноставен и во овој момент најбезбеден начин на плаќање во продажните места. Со зголемувањето на износот на бесконтактните плаќања без дополнително внесување на ПИН се овозможува да се намали контактот помеѓу корисниците на картичките и продавачите.
Апелираме до сите свои клиенти да се грижат за сопственото и јавното здравје, и воедно Ве охрабруваме да плаќате бесконтактно, за Ваша поголема заштита.