ПОВЕЌЕ

    НЛБ БАНКА СЕ ПРИДРУЖУВА НА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ЗАШТЕДА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

    Време зa читање: 2 минути

    НЛБ Банка како општествено одговорна компанија известува дека ќе се приклучи кон иницијативата за заштеда на електрична енергија, предложена од Македонската банкарска асоцијација, а како резултат на прогласената кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена. Асоцијацијата едногласно ја поддржа иницијативата за заштеда на електрична енергија според која сите нејзини членки ќе ги изгаснат светлечките реклами во период од 30 дена.

    Со овој чекор, НЛБ Банка се приклучува кон иницијативата за заштеда на електрична енергија и како општествено одговорна компанија веруваме дека ќе бидеме позитивен пример за одговорно користење на електричната енергија. Ја користиме оваа прилика да ги повикаме сите одговoрни компании, но и останатите корисници на електрична енергија, во следниот период од 30 дена рационално да ја користат и секогаш кога ќе имаат можност да ги угасат светилките.

    Ова е само уште еден чекор во одговорната улога која ја имаме во рамки на општествената сфера на живеење и нашите напори со заеднички едукативни акции да придонесеме за побрзо надминување на оваа електрична криза, но и позитивно да влијаеме врз предизвиците со кои се соочуваме глобално како што се заштитата на животната средина и намалување на ефектите од климатските промени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично