ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка: Исплатата на јануарските пензии на благајна во експозитурите на банката и на банкоматите, се планира да почне од 30.01.2023 (понеделник)

    Време зa читање: 2 минути

    НЛБ Банка информира дека исплатата на пензии на благајна во експозитурите на банката и на банкоматите, се планира да почне од 30.01.2023 (понеделник).

    Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 30ти јануари пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.

    Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите е креиран согласно висината на пензијата и тоа: 

      • 30 – ти јануари  (понеделник) 2023 година, пензии со висина до 11.000 денари
      • 31 – ви јануари (вторник) 2023 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
      • 01 – ви февруари (среда) 2023 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
      • 02 – ри февруари (четврток) 2023 година, пензии со висина над 18.001 денари.

    Со цел заштита на здравјетo, апелираме до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, препорачуваат од Банката.

    Ве замолуваме да ги почитувате препораките да држите растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка, апелираат од Банката

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично