ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка вработува: ИТ Ревизор во Сектор за внатрешна ревизија

    Време зa читање: 3 минути

    НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги.  Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

    Банката силно верува дека високо квалитетните вработени се најголем капитал и движечка сила, за таа цел Секторот за внатрешна ревизија во НЛБ Банка го зајакнува својот тим  со потенцијални динамични и мотивирани кандидати заинтересирани за следното работно место:

    ИТ Ревизор во Сектор за внатрешна ревизија

    Твоите работни цели:

    • Спроведување Ревизорски прегледи на развој, планирање, одржување и дополнување на хардверски и софтверски решенија, ревизорски прегледи на сигурност на информативниот систем, утврдување на ИТ ризиците поврзани со функционирање на банкарските ИТ системи  и предлагање на мерки за нивно надминување;
    • Следење на преземените мерки по издадени ревизорски препораки;
    • Самостојно планирање и извршување на ревизии на информационите системи на Банката, како и учество во заеднички ревизии на останатите функции во Банката;
    • Извршување на детални анализи за оценка на ефективноста и ефикасноста на ревидираниот процес/функција, како и неговата усогласеност со локалната регулатива и корпоративните политики и процедури;
    • Проценка на општата ефикасност на работењето на системите и сигурност на информативниот систем;
    • Следење и спроведување на интерните процедури и политики во делот на ИТ и сигурност на информативните системи;
    • Соработка со надворешни ревизорски куќи, внатрешната ревизија на НЛБ Групацијата, супервизија на НБРСМ и останати државни институции;
    • Учество во проектите за примена и усогласување на работењето на Банката согласно барањата на релевантните тела на Банката и НЛБ Групацијата, како и надворешни релевантни регулаторни тела, законски регулативи и стандарди.

     

    Твојот профил:

    • Универзитетско образование од областа на компјутерски / информатички науки;
    • Соодветно работно искуство во извршување на ИТ ревизии или искуство во областа на информациони системи
    • Одлично познавање, специјализација и искуства во развој на хардверски и софтверски решенија во Microsoft околина;
    • Познавање на деловните банкарски технологии и процеси
    • Професионални сертификати од областа (CISA, CISM или еквивалентно) и познавање и искуство во спроведување на Меѓународните стандарди за професионална практика на внатрешната ревизија, ќе се сметаат за дополнителна предност;
    • Спремност за самостојна работа и предлагање на нови методологии и пристапи во работата;
    • Способност за тимска работа и комуникациски вештини;
    • Аналитички вештини и способност за оценка, планирање, контрола и одлучување;
    • Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.

     

    Твој мотив да ни се придружиш:

    • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
    • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
    • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
    • Конкурентен пакет на плата и надоместоци.

    Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на [email protected] најдоцна до 23.05.2021 година.

    Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

    НЛБ Банка е работодавач кој нуди еднакви можности за сите.

    Најголем број од работните места во НЛБ Банка се пристапни за лица со физички попречености.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично