По иницијатива на Словенечката амбасада во Македонија денес НЛБ Банка зема учество во рамките на еколошката акција за чистење на Марковиот Манастир и неговата околина. Настанот амбасадата го организира заедно со „Концепт – нула отпад“ со цел да се обезбеди одржливо отстранување и рециклирање на собрано ѓубре и да се подигне свеста за важноста на отстранување на отпадот и негово рециклирање.
Иницијативата за оваа еколошка акција е со поддршка на амбасадорот на ЕУ во Скопје г-дин Дејвид Гир кој иницираше вклучување на амбасадите на земјите-членки во рамките на програмата на Делегацијата на ЕУ „Денот на Европа во моето соседство“.