ПОВЕЌЕ

    Не плаќајте долг од еден денар, ако имате на даночната пресметка

    Време зa читање: 2 минути

    Дел од граѓаните  во Годишната даночна пресметка, која требаше да се потврди до 31 мај, забележале долг од 1 денар. Тие се збунети и не знаат што да прават, да чекаат решение од УЈП за тој денар, да го уплатат без решение, или да не прават ништо. Според одговорот што го добивме од УЈП, денарот не се зема предвид за наплата, односно сите оние што имаат долг од 1 денар, не мора ништо да направат.

    – Овој мал долг се јавува од разликата што произлегува при заокружувањето на децималата при пресметка на данокот во аконтативните пресметки. Ако износот на пресметаниот данок во децимала има пресметка под 0,50, тогаш се заокружува помалиот износ, а на годишно ниво да предизвика обврска за доплата, а доколку е над 0,50 се заокружува поголемиот износ, а на годишно ниво да предизвика претплата. Доколку разликата за доплата се појавува во полето „Разлика за доплата на данок што ја должи исплатувачот на доход во име и за сметка на обврзникот“, тогаш овој износ не се зема предвид за наплата, затоа што наредната година може да биде во претплата и да се пребие – велат од УЈП, за Слободен печат.

    Пред неколку години денарот предизвика остри реакции во јавноста откако граѓаните добија решенија да го уплатат, па за тој денар трошеа по триесеттина денари за уплатница. Овој проблем веќе е надминат.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично